Пиреја, 3.мај 2017 (ОХРИДПРЕС) – Екипата на Олимпијакос е последниот тим кој избори пласман на завршниот турнир во кошаркарската Евролига,грчкиот клуб во петтиот меч од четвртфиналната серија синоќа го победи Анадолу Ефес со 87-78.
Олимпијакос им се приклучи на ЦСКА, Реал и Фенербахче, кои претходно изборија пласман на завршниот турнир кој сезонава ќе се одржи во Истанбул.Спанулис со 22 и Принтезиз со 14 кошеви го предводеа Олимпијакос до победата.
Завршниот турнир ќе се одржи во периодот од 19 до 21 мај а во полуфиналето ќе играат Реал Мадрид-Фенербахче и Олимпијакос-ЦСКА Москва. (Крај)
извор: Спорт ТА фото: архива
Прочитано: 18