мај 3, 2017

Охрид, 3. мај 2017 (ОХРИДПРЕС) – Вчера рано наутро во Охрид на ул. „Стив Наумов“, во сопствената плевна, лицето З.Ќ. од Охрид затекнал две непознати лица, за кои претпоставил дека се од Сирија, како спијат.

Во тој момент едно од лицата му се заканило со пиштол и со пластични врвки му ги врзале рацете. Му одзеле приврзок со клучеви, велосипед и еден дуксер, по што побегнале во непознат правец. З.Ќ. бил пронајден во 07.15 часот и не бил повреден. (Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука