Струга, 4. мај 2017 (ОХРИДПРЕС) – Ресторанот „Кутмичевица“ од Вевчани според TripAdvisor е прогласен за ресторан бр. 1 за сезонава.
Од ресторанот велат дека започнуваат уште една сезона како бр.1 ресторан во Вевчани според препораките на TripAdvisor.
– Секој Ваш коментар е добредојден и води кон уште подобра услуга и квалитет. Ви благодариме, драги пријатели, велат од менаџерскиот тим на ресторанот.
Ресторан „Кутмичевица“ во Вевчани е опкружен со прекрасна природа, убав и чист воздух, уредени патеки за прошетка и рекреација и уште многу други убавини. Четириесет и девет скалила има најубавата улица во Вевчани – Римпапица. На педесеттата, број 113 се наоѓа Кутмичевица, своевиден одраз на Кадмичевица – Светиклиментовата област од каде светителот оддалеку како на дланка го гледал Белото Езеро и Охрид.
„Кутмичевица“ е етно традиционален ресторан, сместен во реставрирана градба со карактеристична вевчанска архитектура, стара повеќе од 200 години. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: Општина Вевчани