Охрид, 4. мај 2017 (ОХРИДПРЕС) – СВР Охрид поднесе кривична пријава против 27-годишниот Х.Б. од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување со опасно орудие при караница или тепачка”.
На 15 март годинава, на градскиот пазар во Охрид пријавениот започнал жестока вербална расправија со С.Ф. од селото Лескоец, при што му упатил и сериозни закани. Пријавениот со нож се обидел да ги рани лицата С.Ф. И Е.Ф. од истото село. Граѓани му го одзеле ножот. (Крај)
извор: МВР фото: архива
Прочитано: 27