Охрид, 5. мај 2017 (ОХРИДПРЕС) – Просторот на планскиот опфат на Детален урбанистички план за Урбана заедница 3, дел од УБ 3.2 – опфат 2, како и Деталниот урбанистички план за Градежна парцела 1 на КП 10426/1 во Урбана Заедница 10, дел од Урбан Блок 10.2, КО Охрид 2, ќе бидат ставени на Јавна анкета и презентација.
Јавната анкета за првиот план ќе трае од денес до 18 мај, додека за вториот детален урбанистички план ќе трае од денес до 15 овој месец.
Просторот на планскиот опфат на Детален урбанистички план за Урбана заедница 3, дел од УБ 3.2 – опфат 2 од општина Охрид е опфат со површина од 9792,66 м2односно 1,00 ха и тоа во граници на собирните улици „Бистрица” и „Васил Стефоски”, станбена улица „2″ и сервисна улица „1″. Границата на планскиот опфат започнува во точка „А” која во североисточен правец се движи по осовина на собирната улица „7″ (ул.„Бистрица”) до пресекот со сервисна улица „1″.
Јавната презентација за овој план ќе се одржи во Големата сала на општина Охрид на 11 мај со почеток во 12.30 часот.
Заради обезбедување пристапност и увид од страна на граѓаните и правните лица планот ќе биде истакнат во холот на општина Охрид пред Големата сала за состаноци. Стручната служба ќе дава објаснување секој работен ден од 14.00 до 16.00 часот во просториите на општина Охрид. Сите заинтересирани физички и правни лица, како и субјектите можат да достават забелешки и предлози по нацртот на планот на анкетни листови додека трае јавната анкета до надлежниот орган кој е организатор на анкетата.
Додека просторот на планскиот опфат на Детален урбанистички план за ГП 1 на КП 10426/1 во УЗ 10, дел од УБ 10.2, КО Охрид 2, општина Охрид е опфат со површина од 312,97 м2 односно 0,03 ха и тоа во граници: на север ја тангира ул.„Марко Нестороски”, на исток се граничи со соседните КП 10396 и КП 10397, на југ се граничи со КП 10426/2, на запад се граничи со КП 10423 и КП 10399.
Јавната презентација ќе се одржи во Големата сала на општина Охрид на 11 мај со почеток во 12.00 часот. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива