Виго, 5.мај 2017 (ОХРИДПРЕС) – Манчестер јунајтед е на чекор до пласман во финалето на Лигата на Европа откако синоќа славеше со 0-1 на гостувањето во Шпанија, во првиот полуфинален меч против Селта.
Маркус Рашфорд со фантастичен гол од слободен удар му донесе триумф на тимот на Мурињо, а англискиот тим ќе треба на„Олд трафорд“ да ја дозаврши работата.
Јавноста на Островот му даде големо значење на погодокот кој го постигна 19-годишниот напаѓач, а импресиите се уште поголеми бидејќи неговата изведба многу потсети на последното ремек-дело кое го направи Дејвид Бекам на својот последен меч како член на Манчестер Јунајтед. (Крај)
Beckham & Rashford.#MUFC https://t.co/pNNP9GtZ6P
— United Update (@UnitedsUpdate) May 4, 2017
извор: Спорт ТА фото: архива