Избор Култура

Музичка работилница за гитара со Дамјан Пејчиноски на Krusevo Workshop

Охрид, 5. мај 2017 (ОХРИДПРЕС) – Во рамките на годинешното издание на Krusevo Workshop, еден од најдобрите македонски гитаристи, охриѓанецот Дамјан Пејчиноски ќе одржи музичка работилница за гитара.

Сите заинтересирани можат да се пријават со испраќање на порака со име, презиме и датум на раѓање во инбокс на профилот на Facebook на Krusevo Workshop.

Дамјан Печиновски важи за еден од најдобрите гитаристи на домашната сцена. Неговото богато музичко искуство напишано со многу странски настапи е верен доказ дека Македонија има млади таленти кои што можат да се носат рамо до рамо со светските големи имиња. На сцената секогаш плени со својата самодоверба, зрелост и неверојатен слух и техника за гитара.

Со гитарата другарува од својата шеста година, но вистинскиот интерес се пројавил во тинејџерските денови. Има членувано во составите „Ворнинг“, „Абракадабра“ и „Џамп старт“.  Во 2002 година на реномираниот фестивал „Рок-фест“ беше прогласен за најдобар гитарист, а наградата – гитара „Јамаха“ лично му ja додели маестро Влатко Стефановски.

Во декември минатата година, Пејчиноски ја доби титулата Доцент на Музичката Академија во Скопје. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука