Охрид, 5, мај 2017 (ОХРИДПРЕС) – Одложено е повтореното судење на српскиот државјанин, Бојан Угреновиќ, кој лани, на новогодишната ноќ до смрт го претепа охриѓанецот, Димитар Матилоски.
Причина за одложувањето на рочиштето, како што рече судијката, Весна Кичеец била неможноста да се транспортира обвинетиот во Охрид, поради преангажираноста на службените лица и возилата со судењето на обвинитетите во процесот „Диво насеље“. При првиот судски процес Угреновиќ беше прогласен за виновен и му беше изречена затворска казна во времетраење од 16 години.
Пресудата беше обжалена од одбраната, по што Апелацискиот суд од Битола поради одредени забелешки при одредувањето на казната побара повторување на процесот. Семејството на починатиот Матилоски бараше максимална казна за Угреновиќ.
Главната расправа е одложена за 6-ти јули. (Крај)
извор: МТВ фото: архива