мај 6, 2017

Охрид, 6. мај 2017 (ОХРИДПРЕС) – Во рамките на училишната спортска лига се одржа натпревар во шах и пинг понг во ОУ „Христо Узунов“.

Покрај редовните натпревари се официјализираше и соработката со здружението за лица со оштетен вид и ученици со посебни потреби кои учат во ОУ „Св.Килимент Охридски“. Сите беа вклучени во натпреварите.

Во наредниот период оваа соработка ќе се продлабочи и ќе се инплементираат и нивните програми во календарот за натпревари во Сојузот за училишен спорт Охрид.

Од натпреварите во пинг понг во женска конкуренција најдобри беа: прво место за Наталиа Наумоска ОУ „Св.Наум Охридски “ Пештани, второ место – Кристина Китрозоска ОУ „Живко Чинго “- Велгошти, 3-то место за Кристина Маркоска ОУ „Живко Чинго “- Велгошти и 4-то место Габриела Модева ОУ „Св.Килимент Охридски“.

Додека во машка конкуренција прво место освои Христијан Цветкоски ОУ „Христо Узунов“, 2-ро место за Кирил Наранџоски ОУ „Братство единство“, 3-то место Петар Бошалески ОУ „Христо Узунов“ и 4-то место Александар Јакимоски ОУ „Живко Чинго“- Велгошти. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: Сојуз училишен спорт

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука