Рим, 7.мај 2017 (ОХРИДПРЕС) – Новиот спортски директор на Рома, Мончи потврди дека легендарниот фудбалер на Рома, Франческо Тоти, по завршувањето на сезоната ќе стави крај на својата спортска кариера.
Поранешниот спортски директор на Севилја, кој во средата, официјално ја презеде истата функција во Рома, рекол дека на 40-годишниот Тоти нема да му биде обновен договорот, туку дека по завршувањето на сезоната ќе стане директор на клубот.
Франческо Тоти во досегашната кариера има одиграно 783 натпревари за Рома, на кои постигнал 307 гола и забележал 123 асистенции. Неколку пати во кариерата ги одбивал најмоќните европски клубови, кои му нуделе многу подобри финансиски услови.
Тоти со италијанската репрезентација ја освои титулата светски првак во 2006 година, а набргу по победата во Германија се повлече од репрезентацијата. (Крај)
извор: Спорт ТА фото: архива