Лондон, 7.мај 2017 (ОХРИДПРЕС) – Фудбалската асоцијација на Англија планира од следната сезона да испроба правило за привремено исклучување на натпревари, а тоа би требао да се тестира најпрво во пониските лиги.
Привременото исклучување би се однесувало само при добивање жолт картон поради приговор или бурна реакција на играч на одлука на судија, а играчот ќе го напушти теренот на 10 минути.
Асоцијацијата викендот повика повеќе од илјада клубови да одговорат дали сакаат да учествуваат во тој пилот проект. (Крај)
извор: Спорт ТА фото: архива
Прочитано: 19