мај 7, 2017

Рим, 7.мај 2017 (ОХРИДПРЕС) – Според пишувањето на италијанските медиуми Јувентус веќе го договорил првото засилување за наредната сезона.

Станува збор за фудбалерот на Лацио, Кеита Балде кој со добрите партии во римскиот клуб го привлече вниманието на многу европски клубови.

Каита одби да го продолжи договорот со Лацио кој му истекува наредната година, па италијанскиот клуб ќе мора да го продаде ова лето за да заработи на неговото заминување.Сега останува уште двата клуба да најдат заеднички јазик околу обештетувањето, а медиумите тврдат дека трансферот ќе изнесува 20 милиони евра. (Крај)

извор: Спорт ТА фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука