Монте Карло, 7.мај 2017 (ОХРИДПРЕС) – ПР тимот на Новак Ѓоковиќ соопштил дека тенисерот се договорил со тренерот Маријан Вајда, кондициониот тренер Гебхард Фил Грич и физиотерапевтот Миљан Амановиќ да ја прекинат повеќегодишната соработка.
До ваков договор дошло по детална анализа на играта, постигнатите резултати, но и заради приватните планови на секој член на тимот.
Ѓоковиќ заклучил дека и покрај одличната соработка во изминатиот период, во моментот се потребни промени, нов пристап и нова енергија за да може Ѓоковиќ да го подигне нивото на играта и да остварува подобри резултати. (Крај)
извор: Спорт ТА фото: архива
Прочитано: 17