Охрид, 6. мај 2017 (ОХРИДПРЕС) – На 46-от Општински натпревар по прва помош кој во организација на Црвен крст Охрид, денес се одржа во Охрид, во конкуренција од 13 екипи, во категоријата младина, првото место и право на учество на државниот натпревар по прва помош, го освои екипата на ОСУ Св.Климент Охридски-Гимназија.
Додека во категоријата подмладок, најуспешна беше екипата од ОУ „Христо Узунов“ од Охрид.
Од Црвен крст Охрид изразија благодарност до сите кои ја помогнаа реализацијата на оваа активност. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 22