Охрид, 7. мај 2017 (ОХРИДПРЕС) – Во јуни, по четврти пат ќе се одржи настанот „Tour de Galicica“, велосипедската рекреативна тура, која веќе стана традиционална.
Велосипедистите кои ќе земат учество, ќе можат да се рекреираат, но и да уживаат во убавините на Националниот парк Галичица. Како и секоја година настанот ќе се одржува во третиот викенд од месец јуни. Ќе учествуваат велосипедисти од Охрид, Ресен, Битола, Скопје и други градови.
Минатата година учество зедоа преку 400 велосипедисти од земјава. Единицата за спасување на планина од Црвениот Крст во Охрид беше распоредена на планината Галичица за време на викенд турата. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: Кристијан Ќулумовски
Прочитано: 20