Охрид, 7. мај 2017 (ОХРИДПРЕС) – Филип Јосифоски и Василија Јовчески, членови на охридскиот Теквондо клуб „Хваранг Фист“ со едно сребро и едно злато се враќаат од силниот „Tirana OPEN“ турнир во олимписко Теквондо.
Турнирот се одржа вчера во Тирана по 6-ти пат, а во составот на Македонскиот тим беа и претставниците на „Хваранг Фист“ Јосифоски и Јовчески.
Во категоријата сениори – 63 кг, Филип го освои второто место и сребрениот медал, а во категоријата кадети – 65 кг, Василија го освои првото место и златниот медал. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 27