мај 7, 2017

Скопје, 7. мај 2017 (ОХРИДПРЕС) – Тим на Охридска банка Сосиете Женерал и оваа година учествуваше на Скопскиот Wizz Air маратон. Вработените трчаа со голема мотивација да ја завршат трката, затоа што за секој истрчан километар на маратонците се донираа по 550 денари за членовите на Здружението на слепи лица. Износот на вкупната донација изнесува 100.000 денари.

Средствата од донацијата ќе се искористат за едукативни материјали, разни специфични тифлотехнички помагала и други компензациони помагала неопходни за зголемување на независнота на слепите лица во секојдневниот живот. Преку обезбедување пристап и достапност до информации и комуникации ќе се придонесе кон развојот на духовната и физичката култура на членовите на Здружението на слепи лица и секако подобрување на нивниот квалитет на живот.

– Оваа хуманитрна трка освен лична сатисфакција, претставува и предизвик за хуманост. Нашите вработени и овој пат покажаа дека се подготвени да одговорат на предизвици и надвор од нивните секојдневни работни обврски. Охридска банка Сосиете Женерал како општествено одговорна компанија ја покажа својата посветеност кон општестото со обрнување внимание на слепите лица како социјална структура на која ѝ е потребна поддршка за вршење на основните дневни активности, изјави Елена Глигоровска, Раководител на Дирекцијата за корисничко искуство, маркетинг и комуникации.

Воедно, оваа трка претставува дел од програмата „Време за општествена одговорност“ на Охридска банка Сосиете Женерал како дел од интернационалната програма на групацијата Сосиете Женерал, во која вработените доброволно го минуваат своето време во спортски, едукативни и хуманитарни активности.

ohridskamaraton2Минатата година, тимот на Охридска банка Сосиете Женерал донираше средства за мечувалскиот клуб „Ескрим“, поточно за групата мали мечувалци со Даунов синдром која веќе неколку години успешно функционира во рамките на клубот. Донацијата обезбеди подобри услови за тренирање, потребна опрема и квалификуван персонал.

Охридска банка Сосиете Женерал останува посветена на своите заложби да дејствува како одговорен корпоративен граѓанин кој постојано придонесува во заедницата во која работи, а со тоа и да претставува пример за добри општествени практики, велат од компанијата.

Охридска банка Сосиете Женерал  е универзална банкарска институција која припаѓа на една од најголемите финансиски групации во светот – групацијата Сосиете Женерал. Со повеќе од 146.000 вработени, со присуство во 66 земји, Групацијата Сосиете Женерал опслужува 31 милион клиенти низ целиот свет повеќе од 150 години. Охридска банка Сосиете Женерал функционира според високите стандарди на Сосиете Женерал, почитувајќи ги четирите главни вредности на Групацијата: тимски дух, иновација, посветеност и одговорност. Основната стратегија на Охридска банка Сосиете Женерал е постојаното унапредување на квалитетот на извршувањето на банкарските услуги и нејзината целосна посветеност да ги задоволи потребите на своите клиенти. Преку своето седиште во Скопје и широката мрежа од 27 експозитури на територијата на Македонија, Охридска банка Сосиете Женерал има за цел да биде поим за банкарски односи, препознатлива на пазарот, блиска до клиентите, избрана поради својот квалитет и посветеноста на нејзините тимови. Охридска банка Сосиете Женерал во 2016 година е носител на три награди во категоријата „Најдобра банка во Македонија“ од трите најважни банкарски авторитети – „Global Finance“, „Euromoney„ и „The Banker“. Во 2017 година е добитник на престижната награда од Светскиот финансиски магазин Глобал Фајнанс за „Најдобра банка во Македонија“. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука