мај 8, 2017

Скопје/Охрид, 8. мај 2017 (ОХРИДПРЕС) – Најдобриот македонски ракометар Кирил Лазаров и оваа година ќе работи со младите ракометни таленти.

На веќе најавениот камп ,,Кирил Лазаров 7“, кој ќе се одржи од 20 јуни до 2 јули во Охрид, ќе присуствуваат над 300 деца не само од Македонија туку и од целиот регион, но и европските земји. За прв пат на кампот ќе има и деца од САД.

Учесниците ќе бидат поделени во две смени првата од 20-26 јуни и втората до 26 јуни до 2 јули, а ќе бидат поделени во групи по годишна возраст од 10 до 17 години.

Годинешни гости на кампот ќе бидат и еминентни стручњаци кои работат во најголемите светски ракометни лиги. Меѓунив ќе бидат и напите тренери Данило Брестовац кој работи во Франција, Наташа Коцевска која е тренер во германскиот бундес-лигаш Борусија Дортмунд, како и двајца еминентри тренери во работата со младите категории од Данска, најавуваат организаторите. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука