Охрид, 8. мај 2017 (ОХРИДПРЕС) – Во Центарот за култура „Григор Прличев“ Охрид, вечерва ќе се одржи годинешното, второ по ред издание на детскиот музички фестивал „Фолклорна бајка“.
Ќе настапуваат деца од 5 до 16 години. Новитет годинава, е што покрај учесници од Охрид, ќе има и пејачи од Скопје, Ресен и Битола.
– Главната цел е да се приближи убавата македонска изворна песна до најмладите. Годинава имаме и учесници од други градови, а исто така ќе има и дует. Мислам дека ќе имаме навистина убаво издание, вели Наум Џуклески, уметничкиот директор на фестивалот.
Почетокот на фестивалот во понеделник ќе биде во 20 часот. Ќе бидат отпеани вкупно 11 песни, исто како и минатата година. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 33