мај 8, 2017

Охрид, 8. мај 2017 (ОХРИДПРЕС) – Матурантите од средните училишта од Охрид се подготвуваат за матурската прослава во хотелските капацитети, а се прават плановите и за втората вечер, каде највеселата ноќ ќе се прослави во некој од охридските локали.

Матурантите од Средното општинско стручно училиште „Свети Кирил и Методиј“ годинава ќе слават во хотел „Аквалина“.

– Прославата ќе биде на 21 мај во хотел „Аквалина“. Бројката на матуранти годинава е 133. Само мал број на ученици нема да ја прослават матурата организирано, велат од училиштето.

Додека матурантите од охридската гимназија „Свети Климент Охридски“, годинава имаат концепт на замена на матурската прослава со матурска екскурзија, која се одвива во Хрватска.

Gimnazija deca 4

– Вчера заминаа учениците на екскурзијата. Годинава нема да има класична прослава во хотел на охридската ривиера, туку матурантите ќе слават на самата матурска екскурзија. Ќе бидат сместени во хотел, а ќе имаат и забава во локалите за забава. Околу 90% од матурантите годинава, заминаа на оваа екскурзија. Во сабота матурантите се враќаат, дополнуваат од Средното општинско училиште „Свети Климент Охридски“.

Од Електро машинскиот училишен центар „Свети Наум Охридски“ информираат дека 161 матурант годинава ќе ја прослават вечерта:

emuc

– Матурата ќе се слави на 19 мај во хотелот „Десарет“. Дента, пак, нашите ученици ќе учествуваат на традиционалната Матурска падара на Градскиот плоштад.

Во однос на 12-та по ред парада, се вежбаат последните елементи за изведба на танцот „Квадрил” од Штраусовата опера „Лилјакот”.

paradamatura8

Меѓу првите, исто така ќе слават и матурантите од Општинското угостителско – туристичко училиште „Ванчо Питошески“ од Охрид.

– Прославата ќе биде на 19 мај. Матурантите ќе слават во хотел „Силекс“, дополнуваат од училиштето.

vancopitoseskiskolo

Практично, овој месец речиси сите настани се поврзани токму со матурантите. Почнувајќи од подготовките за полагањето на матурата, преку подготовките за главната вечер, парадата и се разбира сликањето за табло. Минатата недела завршија активностите за сликањето за таблоата.

Традиционално, нема да изостане прославата во домашна атмосфера, велат дел од матурантите. Дополнително, од домашниот буџет ќе треба да се издвојат средства и за оваа традиција, која не се напушта. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука