мај 8, 2017

Скопје, 8. мај 2017 (ОХРИДПРЕС) – Македонскиот шампион во ракомет ќе се дознае на 11 мај.

Во терминот од 19 часот во СЦ “Јане Сандански“ во Скопје, силите ќе ги одмерат екипите на Вардар и Металург,во рамките на шестото плејоф коло. Металург има предност од  три гола стекната на натпреварот од првото коло. Средбата се одигра во Автокоманда и заврши со резултат 29:26.

Преносот од средбата Вардар – Металург директно ќе го пренесува телевизија Телма. (Крај)

извор: rkmetalurg.mk   фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука