Мадрид, 8. мај 2017 (ОХРИДПРЕС) – Напаѓачот на Реал Мадрид, Алваро Мората, летово најверојатно го напушта клубот.
Според шпанските медиуми негова следна дестинација е Премиер лигата, а се погласни се најавите дека ќе го носи дресот на Челзи. Агентот на Мората веќе се сретнал со челниците на лондонскиот клуб.
Медиумите наведуваат дека потписот на Алваро Мората за Челзи ќе вреди 60 милиони евра.
Мората минатото лето се врати на „Сантиего Бернабеу“ но не успеа да се избори за првотимски статус. Поради тоа е решен да ја промени средината и да се пресели во клуб каде ќе има поголема минутажа. (Крај)
извор: sportski.mk фото: архива
Прочитано: 21