Охрид, 9. мај 2017 (ОХРИДПРЕС) – Општинската организација на Сојузот на борците од Народноослободителната и антифашистичка војна на Македонија 1941 – 1945 и на граѓани продолжувачи во општините Охрид и Дебрца и Општина Дебрца, по повод 72 години од Денот на победата над фашизмот и Ден на Европа, денес ќе организираат прослава.
Во 09:30 часот е поаѓањето од Охрид за Дебрца.
Во 10:30 часот кај Споменикот на револуцијата, победата и слободата „Кременатец“ кај подрачјето Раштани – Дебрца, ќе има полагање на цвеќе.
Пригодна реч ќе има Никола Стефаноски – потпретседател на ОО Охрид и Дебрца. Тој ќе говори на тема: „Македонија во борбата против фашизмот“.
Во рамките на културно – уметничката програма, во 11:30 часот во Белчишта ќе има полагање цвеќе на спомен обележјата на паднатите борци во НОБ, посета на спомен собата на НОБ, како и посета на Ликовната галерија. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива