мај 9, 2017

Струга, 9. мај 2017 (ОХРИДПРЕС) – Во домот на културата во Вевчани со спектакуларен концерт, КУД „Дримкол“ прослави значаен јубилеј за Вевчани, „70 години организиран фолклор“.

Беше прикажан документарен филм кој преку фотографии и видео материјали, живи сведоштва на стари луѓе и изјави на сите досегашни раководители на фолклорните групи во Вевчани, предизвика силни емоции кај публиката.

decinja

Покрај филмот, уште поголема возбуда кај присутните предизвика настапот на фолклорниот ансамбал „Дримкол“ кој на достоинствен, професионален начин, презентираше вокални и играорски изведби од западна Македонија, Повардарието, од Пиринска и Егејска Македонија и секако обредни сценски адаптации од Вевчани.

Со програмата на сцената синоќа раководеше позната актерка од МНТ, Снежана Конеска Руси која внесе дополнителна енергија и убавина во целокупниот амбиент.

Оригиналната и уникатна носија Дримкол ја поседува и достоинствено ја презентира на сцена.

– Ова е и својствено за Вевчани кое јас секогаш го нарекувам тврдина на македонштината и македонската држава. Од име на СОФАМ-ЦИОФФ за Македонија дојдов со најголемо задоволство да честитам еден голем јубилеј „70 години организиран фолклор во Вевчани“ и да им признаам на Вевчанци дека горди сме што „Дримкол“ постои во Македонија, изјави претседателот на сојузот на фолклорни ансамбли и ЦИОФФ за Македонија, Антонио Димитровски.

tropnalo

Поради големиот интерес, синоќа беја одржани два концерти во Вевчани, а од КУД „Дримкол“ најавуваат и приказ на синоќениот јубилеен концерт во Скопје и други градови во Македонија. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука