мај 9, 2017

Охрид, 9. мај 2017 (ОХРИДПРЕС) – СВР Охрид поднесе кривична пријава против 54-годишната Е.Б. од Битола, лице со престој во Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „фалсификување или уништување деловни книги”.

На 13-ти април оваа година, пријавената, неовластено се потпишала во деловната книга за евиденција на присутност за работа за 2017 година која, работодавачот ЈП „Македонски шуми-ПШС Галичица Охрид“ уредно ја водел. Тоа го направила утрото при евидентирање на присуството на работа, кога забележала дека за претходниот ден, не внесла потпис на местото определено за време на заминување од работа по што од раководителот бил поставен знак за отсутност.

Пријавената Е.Б. над ознаката, неовластено се потпишала и ставила час на заминување, сакајќи да прикаже дека уредно ја евидентирала обврската. Била забележана од вработена која, на таквата неоснована постапка реагирала кон пријавената при што, најнапред вербално а потоа и физички била нападната. Пријавената Е.Б. ја оштетила деловната книга со податоците за присутност. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука