Струга, 9. мај 2017 (ОХРИДПРЕС) – Овој четврток, 11 мај, во „Барабар Мезе Бар“ во Струга со нов материјал стенд ап комедија ќе се претстави актерот Бојан Велевски.
Стенд ап комичарот на крајот од минатата година ја реализираше турнејата „Tour de Stand Up“, кога исто така ја посети Струга.
Бојан ветува дека во четврток ќе се претстави со неговиот најдобар Stand Up материјал. Настапот ќе биде со почеток во 21 часот, додека влезот ќе биде само со резервации, поради ограничените места.
– Во Струга има одлична публика која разбира стенд ап. Голема благодарност до луѓето кои имаат чувство за овој тип на урбана култура, вели Бојан. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: Бојан Велевски
Прочитано: 18