Штип/Струга, 9. мај 2017 (ОХРИДПРЕС) – СВР Штип поднесе кривична пријава против 26-годишниот стружанец П.С., кој е на издржување на казна затвор во Казнено поправниот дом Штип.
Лицето се товари за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. Пријавениот, како затвореник во Затвор Штип, за време на викенд отсуство неовластено, заради продажба, од непознато лице набавил неодредена количина на наркотична дрога марихуана, која потоа ја препакувал во мали пакувања и ја внел во затворот. На 15 февруари годинава, по извршен претрес, кај лицето биле пронајдени 19 пакувања наркотична дрога марихуана со вкупна тежина од 5,32 грама. (Крај)
извор: МВР фото: архива
Прочитано: 23