мај 10, 2017

Охрид, 10. мај 2017 (ОХРИДПРЕС) – Врз основа на објавениот јавен повик за тековната 2017 година, за доставување на барања за користење на средства од петтата компонента на Инструментот за претпристапна помош за рурален развој на Европската Унија (ИПАРД Програмата), денес во Охрид ќе се организира едукативнo информативна работилница.

Работилницата е со цел заинтересираните страни и пошироката јавност да се запознаат со можностите кои ги нудат новите измени на ИПАРД Програмата 2014-2020 и начинот на користење на средства од програмата.

Заинтересираните граѓаните, земјоделците, приватни сопственици, хотелиери ќе можат да присуствуваат на денешниот настан, кој ќе се одржи во Големата Сала на Општина Охрид со почеток во 19.00 часот. Присутните ќе се запознаат со новите мерки, упатства за корисници, висина на финансиска подршка ИПАРД Програма 2014-2020. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука