Прилеп/Охрид, 10. мај 2017 (ОХРИДПРЕС) – На 52-то издание на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“, кое ќе се одржи во Прилеп од 9 до 16 јуни, 12 претстави од исто толку театри од државава ќе се борат за наградите во шест категории.
Претставата „Аналфабет“ во режија на Ѓорги Ризески, а во изведба на Народен театар Охрид ќе се натпреварува за награда во категориите најдобра машка и женска улога и режија.
Додека за носител на наградата за животно дело, годинава е избран академик Митко Маџунков. За главното театарско признание ќе се натпреваруваат: претставата „Тартиф“ од Молиер, во режија на Галин Стоев, во изведба на Македонскиот Народен театар, потоа „Венецијанскиот трговец“ од Шекспир, во режија на Наташа Поплавска во изведба на Драмски театар Скопје и претставата „Трудна Приказна“ на Благица Секуловска, во режија на Лидија Дедовиќ, а во изведба на Театар Комедија од Скопје. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива