Кочани/Охрид, 10. мај 2017 (ОХРИДПРЕС) – На 53. издание на Драмскиот аматерски фестивал на Македонија, кој од 29. мај до 3. јуни ќе се одржи во Кочани, најавено е дека е селектирана и претстава на аматерскиот театар од Охрид.
Претстави за деца, вечерни претстави и алтернативен театар ќе бидат на програмата.
Селекторот на годинешниот ДАФ, Дарко Спасов, од пријавените 34 претстави за учество на ДАФ, одбра 13 претстави во трите категории.
Ќе се одржи промоција на книга, ликовен перформанс, како и театарски портрет на Мите Грозданов во чест на неговата плодна и успешна работа, 60 години со аматерски драмски ансамбли и 50 години професионална театарска уметност. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 27