мај 11, 2017

Охрид, 11. мај 2017 (ОХРИДПРЕС) – Според податоците на Државниот завод за статистика, во март оваа година се издадени 4 одобренија за градење на територијата на Охрид.

Подеднакво се јавуваат како инвеститори физички лица и деловни субјекти, по 2-ца. Предвидената вредност на објектите изнесува 7 милиони и 274 илјади денари.

Предвидена е градба на 2 стана, со вкупна корисна површина од 206 метри квадратни. Едниот стан ќе биде трособен, другиот четирисобен. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука