Избор Охрид

Во Охрид започнуваат обуките за граѓански активизам

Охрид, 12. мај 2017 (ОХРИДПРЕС) – Граѓаните од повеќе градови на републикава имаат можност да посетуваат обуки за јакнење на граѓански активизам, а целта е да се зголеми граѓанската свест, да не се наседнува на пласирањето на лажни вести, вели Синиша Пекевски, национален координатор на проектот „Јакнење на граѓанскиот активизам преку медиумска писменост“.

Работилниците за граѓаните на Охрид ќе се одржат денес и утре од 10 до 15 часот, во просториите на Агенцијата за вработување.

На средбите кои ќе се одвиваат во два дела, ќе се обработуваат сите теми, освен политички, објаснува Пекевски, потенцирајќи дека има можност за развој на локални акции, кои се од интерес на заедницата.

– Обуката ќе биде бесплатна. Првиот ден ќе се говори за темите како: што е вест, а што пропаганда; како да се препознае лажна вест. Додека вториот ден, ќе се говори на теми за локални предизвици, а мораме да напоменеме дека нема да се разработуваат политички теми, со оглед на актуелната ситуација, туку ќе опфатиме теми, кои се однесуваат на реалните проблеми на локално ниво, објаснува Пекевски, воедно повикувајќи ги заинтересираните охриѓани, да се приклучат на обуките.

Преку работилниците ќе се развијат локални акции и план во секој град поединечно за нивно реализирање за тековен проблем или предизвик.

Во вториот дел од сесијата на работилниците, ќе бидат вклучени и другите градови, меѓу кои и Струга. Тие работилници се предвидени за периодот јуни/јули. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука