мај 12, 2017

Охрид/Скопје, 12. мај 2017 (ОХРИДПРЕС) – Охридската школа на правото, која од денес ќе се организира во Охрид, ќе се базира школата поставена на старите корени на Свети Климентовиот универзитет, вели проф. Д-р Ангел Ристов, претседател на здружението „Јуридика Прима“.

Здружението на граѓани, Институт за правно-економски истражувања и едукација, Јуридика Прима, ја организира 3-та Меѓународна научна конференција – Охридска школа на правото.

– Идејата на годинешната трета по ред школа, е да се подобри законската регулатива во однос на човековите права. Годинава има зголемен интерес за учество во Охридската школа на правото, при што ќе дискутираат стручни лица од универзитети од повеќе земји од Балканот. Ако минатата година имавме 40 учесници, за оваа година, е најавена бројка од 100 универзитетски професори, студенти и експерти од универзитети од Белград, Мостар, Подгорица, Софија и секако од Македонија. Авторите ќе ги презентираат своите трудови. Идејата е да се подобри законската регулатива во заштитата на човековите права, а тоа ќе се рефлектира и со подобрување на самото општество, вели проф. Д-р Ангел Ристов.

Научната конференција ќе биде на тема: „Ефикасната заштита на човековите права и слободи: Реалност или идеал“, а ќе се одржува во Конгресен Центар Охрид, од денес до 14-ти мај.

Како што додава проф. Д-р Ристов, темата на предавање е широка и обемна и тангира повеќе области од правото. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука