Охрид, 12. мај 2017 (ОХРИДПРЕС) – Денот на мајката, 12 мај денес ќе биде одбележан во Охрид.
Женски центар „Бисера“ ќе организира свеченост и доделување награди на најдобрите ученици кои се натпреваруваа на литературниот и ликовен конкурс на тема „Мајка“.
Наградите и признанијата ќе бидат доделени денес во 18 часот во ОУ „Свети Климент Охридски“. Исто така, ќе има и свечена приредба. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 18