Охрид/Скопје, 12. мај 2017 (ОХРИДПРЕС) – Денеска или в понеделник се очекува Уставниот суд да го објави и да го достави решението за времената мерка за спорните членови од Изборниот законик до Министерството за финансии.
Од тоа зависи кога ќе почне исплатата на субвенциите за земјоделците.
Со решението од Уставниот суд се очекува да се деблокира исплатата на субвенциите.
На седницата пред два дена Уставниот суд поведе постапка за оценување на уставноста на дел од ставовите и алинеите од спорниот член 8а од Изборниот законик со кој се забранува исплата на субвенциите до формирање на Влада. Судот донесе времена мерка за запирање од извршување на овие законски одредби до донесување на конечна одлука. Штом се носи мерка за забрана за извршување на законските одредби, тоа значи дека забраната за исплата не важи и субвенциите можат да се исплаќаат. Конечната одлука треба се донесе најдоцна во рок од 30 дена, а во тој период Уставниот суд треба да собере одговори од належните институции и да одлучи дали ќе се поништата одредби или ќе се прекине постапката. (Крај)
извор: Фактор фото: архива