Скопје, 12. мај 2017 (ОХРИДПРЕС) – Еден од највозбудливите и најквалитетни бендови од светската концертна индустрија, Thievery Corporation доаѓа во Скопје, како специјално отворање на фестивалот Skopje Calling 2017, најавуваат од „Авалон Продукција“.
Организаторите додаваат дека како и за секој свој избор за концерт во Македонија, секогаш се настојува да се задоволат апетитите на публиката од сите генерации и со различна жанровска определба.
– И овој пат се одлучивме за бенд кој што е маестрален во живо и можеби единствениот во светот кој со својот уникатен музички стил спојува повеќе музички жанрови со елементи на електронска музика, додаваат од „Авалон“.
Концертот ќе биде на отворено и ќе се одржи 20-ти јуни на Скопското Кале, со почеток од 21 часот.
Влезниците по цена од 990 денари ќе бидат пуштени во продажба од 15-ти мај, преку продажната мрежа на Купи Карти За Се низ цела Македонија, Југотон и онлајн.
Thievery Corporation во Скопје доаѓаат во комплетен состав, со над 20 музичари на сцена. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива