Охрид, 12. мај 2017 (ОХРИДПРЕС) – Бројот на туристите во март оваа година на државни ниво, е намален за 3.5%.
Исто така има намалување и кај бројот на ноќевањата за 3.2%.
Бројот на домашните туристи во март 2017 година, во однос на март 2016 година, е намален за 4.3%, а бројот на странските туристи е намален за 3.1%. Бројот на ноќевањата на домашните туристи во март 2017 година, во однос на март 2016 година, е намален за 11.6%, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 3.2%.
Според видот на објектите за сместување, најголема посетеност имало кај хотелите со четири ѕвезди.
Во март годинава во Охрид најбројни биле туристите од Грција, Србија, Бугарија и Турција. Додека најмалку имало туристи од Нов Зеланд, Малта и Исланд.
Од овој месец во туристичките центри се очекува зголемување на бројот на туристи, како од соседството, така и од подалечните земји. Сезонава ја отворија првите 180 патници од Амстердам со авиокомпанијата „Корендон“.
Од јуни, пак, почнуваат чартер летовите од Полска до Охрид, а се очекува да се отвораат и нови авио линии. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива