мај 13, 2017

Будва/Охрид, 13 мај 2017 (ОХРИДПРЕС) – Претставници на Факултетот за туризам и угостителство Охрид, учествуваа на „Меѓународниот конгрес на факултетите за туризам и угостителство” (Туризмијада), во Будва, Црна Гора.

Годинава се одржа десеттиот конгрес.

turizmijada1

Студентите од ФТУ учествуваа во повеќе спортски натпревари и освоија значајни пехари и признанија: прво место во футсал (женски), прво место во дисциплина пинг – понг, второ место во дисциплина пливање, второ место во дисциплина шах, второ место во дисциплина „влечење на јаже“ (женски).

turizmijada2

На оваа манифестација учествуваа над 20 факултети за туризам и угостителство од европските држави. Факултетот за туризам и угостителство беше прогласен за најуспешен факултет меѓу сите останати факултети кои учествуваа. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука