мај 13, 2017

Охрид, 13. мај 2017 (ОХРИДПРЕС) – Театарската импровизација „Импровокација“ вечерва ќе ја претстави седмата епизода од новата втора сезона.

Изведбата пред охридската публика ќе биде со почеток во 21:00 часот во керал сцената на Народен Театар Охрид.

Картите се по цена од 200 денари.

Играат актерите: Филип Кипровски, Стрезо Стаматовски и Никола Тодороски. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука