Избор Охрид Спорт

Утре ќе се реализира Вело – турата околу Охридското Езеро

Охрид, 14. мај 2017 (ОХРИДПРЕС) – Утре Здружението на велосипедисти Macedonian Bike Riders од Скопје, ќе организира велосипедска тура околу Охридското Езеро.

Овој настан се организира трета година по ред.

Турата ќе биде од хуманитарен карактер.

– Стартот ќе биде во 09:00 или 09:30 часот, од пред платото на спортската сала „Билјанини извори“. Ние неколку години собираме средства за Специјалната олимпијада на Република Македонија. Па, така, ќе ја искористиме можноста додека возиме во Охрид, оваа тура да ја направиме од хуманитарен карактер, ќе имаме поставени кутии, за кој колку може да донира, вели Горан Богоевски, претставник на здружението и еден од главните организатори на овој спортско – рекреативен настан.

И годинава има голема заинтересираност за турата. Настанот е од отворен карактер, нема посебни услови за пријавување и секој може да се придружи. Минатата година имало 180 велосипедисти, кои учествувале на овој настан.

ezeroobikolka

Ќе се вози во правец на Струга и граничниот премин Ќафасан. Организаторите напоменуваат, бидејќи ќе се вози низ Албанија,секој велисипедист – учесник, мора да носи лична карта или пасош. Според потребите ќе има попатни застанувања и паузи, а предвиден е ручек во Поградец или Охрид. Им се апелира на сите заинтересирани велосипедисти да понесат потребна опрема, велесипед, кацига, резервна гума, бидон со вода и лесна храна. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива/MBR

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави