Охрид, 13. мај 2017 (ОХРИДПРЕС) – Шаховска олимпијада за слепи и визуелно хендикепирани лица, од 18 до 29 јуни ќе се одржи во Охрид.
На овој настан ќе има околу 300 учесници од 30 држави од светот.
Агенцијата за млади и спорт, во рамките на грижата за оваа категорија спортисти, ќе биде главен покровител на олимпијадата. За настанот е издвоен буџет од 1,8 милиони денари.
Претседател на националната спортска федерација на слепи е Коце Димов, додека претседател на Националниот сојуз на слепи на Република Македонија е Жарко Селковски. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 25