мај 15, 2017

Струга, 15. мај 2017 (ОХРИДПРЕС) – Полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против 38 – годишниот А.А. од струшкото село Франгово, поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „телесна повреда при вршење семејно насилство“.

На 19-ти минатиот месец, во 14 часот и 30 минути, во семејниот дом во селото Франгово, се случила семејна расправија помеѓу пријавениот и неговата сопруга. Тој физички ја нападнал сопругата.

Оштетената избегала надвор од домот но во дворот сопругот ја престигнал и повторно ја нападнал.

Соседите и помогнале на оштетената и ја засолнале во нивниот дом. Нејзиниот татко ја пренел во Општата болница во Струга. (Крај)

извор: СВРОхрид фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука