Скопје/Охрид, 15. мај 2017 (ОХРИДПРЕС) – Годинешното издание на детскиот фестивал „Поточиња“, традиционално, како изминатите години, така и годинава ќе гостува во Охрид.
Фестивалот ќе се одржи во вторник, 30 мај во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид со почеток во 11 часот.
Детскиот фестивал „Поточиња“ е основан во 2004 година. Неколку години наназад организаторите ја негуваат практиката, по фестивалските денови во Скопје, да ги презентираат детските песни пред најмладите од другите градови.
Влезниците ќе бидат по цена од 100 денари. Организатор на настанот е „ПАП Продукција“. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 16