мај 16, 2017

Охрид, 16. мај 2017 (ОХРИДПРЕС) – На 16 мај, пред точно 12 години во охридскиот етер започна да се емитува забавно-контактната емисија „Охриде не бери гајле“.

ohrideneberigajle2

Оттогаш до денес, во однос на самата програмска шема на Супер радио, емисијата имала конструктивни промени, кои од слушателската публика биле секогаш позитивно прифатени.

Акцентот, сепак е ставен на стилскиот концепт на хумористично прикажување на нештата и забавата, што го оправдува и самото име на емисијата „Охриде, не бери гајле“.

Тимот на емисијата, која се емитува секој работен ден на Супер радио, од 8 до 10 часот, го сочинуваат познатиот актер и водител Жанко ЗШ Голабоски и Дј Тони Џомба.

ohrideneberigajle3

Како што вели Жанко, славењето на роденденот годинава ќе трае неколку дена, со различни активности.

Секоја година на различен начин се одбележува роденденот на емисијата. Емисијата е препознатлива пред сé, по добрата, одбрана музика, која вклучува и нова актуелна хитовска музика, ретро хитови, македонски рефрени… Исто така, голем број на музичари, актери, спортисти, личности од јавниот живот, биле гости во емисијата, но и граѓани, кои имале некоја интересна приказна, иницијатива или акција.

SDC16010

Денес непосредно по завршувањето на емисијата, од слаткарницата „Анабела“ од „Тамаро маркетот“ по повод роденденот на емисијата, доставија „слатко изненадување“ – торта со познатото лого, ликот на Жанко. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука