Скопје/Охрид, 16. мај 2017 (ОХРИДПРЕС) – Одржувањето на локалните избори ќе биде предвидено за првата половина во октомври, а мандатот на сегашните градоначалници и советници ќе биде продолжен до изборот на новите членови на советите и градоначалниците.
Се очекува во краток рок партиите да постигнат договор за формирање на работните тела, со цел измените на Изборниот законик да бидат донесени согласно деловничките процедури.
По средбата во Собранието, до медиумите било доставено писмено соопштение, во кое се вели дека исклучителен приоритет за Македонија е постигнување договор за донесување Предлог – закон за изменување и дополнување на Изборниот законик.
Инаку, мандатот на градоначалниците и на советниците во локалните самоуправи истече вчера. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива