Струга, 17. мај 2017 (ОХРИДПРЕС) — Полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против 82-годишно лице С.И. од струшкото село Подгорци поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „бесправно градење“.
На 20-ти минатиот месец бил извршен инспекциски надзор. Било утврдено дека пријавениот започнал со градба на ограда без одобрение, со димензии 6,90 метри 1/3,30 м1+3,60м1 и во висина од 0,35 метри. Тоа, неовластено го направил на катарстарска парцела во атарот на селото Подгорци.
Поради констатирани незаконитости и немање соодветна документација, градежна инспекција при Општина Струга донела решение за отстранување на нелегалната градба. (Крај)
извор: СВР Охрид фото: архива
Прочитано: 26