Струга, 18. мај 2017 (ОХРИДПРЕС) – Полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против Е.М. (75) од струшкото село Делогожда, поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело “телесна повреда при вршење семејно насилство”.
Казненото дело пријавениот го сторил на втори мај оваа година во дворот од семејната куќа во селото Делогожда.
– Тука настанала расправија со неговата снаа од брат, поврзана со имотно правни недоразбирања. Пријавениот започнал со карање и викање на висок тон, потоа со вербални навреди, а по кратко време ја нападнал снаата со метална шипка и ја влечел за коса, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Во неговото агресивно однесување бил спречен од страна на членови од семејството кои оштетената ја однеле во Општата болница во Струга. (Крај)
извор: СВР Охрид фото: архива