мај 20, 2017

Охрид, 20. мај 2017 (ОХРИДПРЕС) – Општинскиот Совет за безбедност во сообраќајот на патиштата на град Охрид, ќе достави до Локалната самоуправа како и до Републичкиот Совет за безбедност на патиштата, предлог иницијатива.

Иницијативата се однесува на изнаоѓање на најсоодветно сообраќајно-техничко решение, кое би требало да придонесе кон подобрување на безбедноста во сообраќајот на регионалниот пат Охрид-Св.Наум поточно на потегот над Хидробиолошкиот завод. Предлозите се однесуваат посебно на условите на патот во пресрет на летната туристичка сезона.

– На овој патен потег, за жал, во изминатиов период се случиле многу сообраќајни незгоди од кои, еден дел, завршиле со загуба на човечки животи, велат од Општинскиот Совет за безбедност во сообраќајот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука