Струга, 20. мај 2017 (ОХРИДПРЕС) – Ноќеска во полициската станица од општа надлежност Струга, вработен во Единицата за брзо распоредување при Министерството за внатрешни работи пријавил кривично дело „загрозување на сигурноста“.
Во периодот од 21.00 до 23.00 часот пред неговата семејна куќа, непознато лице на возилото, во сопственост на неговата мајка, оставило ливче со заканувачка порака и еден куршум калибар 9мм. Исто така, на 7 овој месец на неговото возило пронашол лист со заканувачка порака, но тој настан го пријавил само на неговото работно место.
Полициската станица од Струга презема мерки за целосно расчистување на случајот. (Крај)
извор: МВР фото: архива
Прочитано: 23