Охрид, 20. мај 2017 (ОХРИДПРЕС) – Охрид е на мапата на One LOVE Tour, летна турнеја во Македонија и Бугарија, во рамките на која ќе настапат шест балкански ѕвезди.
– One LOVE Tour е турнеја која обедини шест балкански ѕвезди, најеминентните и влијателни артисти на една сцена, собрани со една иста идеја, надминување на сите политички и социјални спреги преку јазикот на нивната музика. Настапуваат: Слаткаристика, Тони Зен, DJ Гоце С.А.Ф. од Република Македонија, и Криско, Гери-Никол и групата Апсурт од Бугарија. Турнејата започнува во Банско на 22-ри jули со бесплатен концерт, продолжува на 26-ти јули во Охрид, 27-ми jули во Струмица, на 17-ти август во Сончев Брег, 18-ти aвгуст во Варна, 6-ти септември во Пловдив, a концертната турнеја завршува со концертите на 30-ти септември во Скопје и 7-ми октомври во Софија, информираат организаторите. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива